Македонија

Прегазен пешак и во Кичево, со тешки повреди заврши во болница

На 07.05.2022 во 09.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на крстосница помеѓу магистрален пат А2 и бул.„Ослободување“ во Кичево, патничко возило „Пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано И.Ј.(65) од Кичево, удрило во пешакот Р.С.(77) од Кичево.

Во несреќата Р.С. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар Кичево. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево.

На почеток