Свет

Епидемискиот бран во Северна Кореја се смирува, за прв пат помалку од 100.000 новозаразени со ковид

Дневниот број на нови случаи на треска во Северна Кореја за првпат падна на помалку од 100.000, објавија денеска државните медиуми на таа земја, кои пред помалку од три недели признаа дека се борат со епидемијата на коронавирус за прв пат.

Освен тоа, ситуацијата во Северна Кореја предизвикува загриженост поради недостигот на вакцини, медицински материјали и недостиг од храна, пишува Ројтерс.

88.520 луѓе покажале симптоми на треска вчера, во споредба со речиси 400.000 пред околу 10 дена, објави официјалната новинска агенција KCNA, повикувајќи се на податоци од државниот штаб за превенција од епидемии.

Во Северна Кореја, која има 25 милиони жители, вкупниот број на пациенти со треска од април се искачи на 3,36 милиони.

Во извештаите на државната агенција КЦНА нема податоци за нови починати, а за вчера вкупниот број на починати изнесува 69.

На почеток