Тепачки во Центар и Гази Баба

Од
Објавено на

На 29.05.2022 во 04.40 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека на бул.„ВМРО“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Ш.(31) и В.И.(26), двајцата од Скопје. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 29.05.2022 во 17.25 часот во Полициската станица Гази Баба, Р.Т.(40) од Скопје пријавила дека во трговски центар на ул.„Беласица“, по претходна расправија, била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
