Свет

Путин: Политиката на Западот води во ќорсокак и доведе до енергетска криза

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „краткогледната политика на европските земји доведе до криза во енергетскиот сектор“.

Тој истакна дека целокупната ситуација на Запад доведе до недоволно инвестирање во енергетскиот сектор, како и дека цените се зголемени, пренесе РИА Новости.

– Гледаме и обиди одговорноста за тоа што се случува на пазарот на храна да се префрли на Русија, но ова е прашање на замена на тезата – рече Путин.

Путин ги нарече санкциите против Москва „краткогледна, глупава и погрешна политика која води во ќорсокак“.

На почеток