Актуелно

Какви барања има Ердоган за членство на Шведска и Финска во НАТО

Стравувањата на Турција од барањата за членство на Шведска и Финска се засноваат на фер и законски основи, му рекол турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за време на телефонски разговор.

– Двете земји треба јасно да кажат дека престануваат да го поддржуваат тероризмот, дека ги укинаа санкциите кон Турција и дека се подготвени да се солидаризираат со Алијансата – му рекол Ердоган на Столтенберг, а пренесува Ројтес.

Ердоган рече дека Анкара не може да каже „да“ за членството на Финска и Шведска во НАТО, бидејќи не може да верува во нивните гаранции за односите со претставниците на Курдистанската работничка партија, која е забранета во Турција и се смета за терористичка.

На почеток