Свет

Австрија бара постепена интеграција на Западен Балкан во ЕУ

Австрија ја повика ЕУ да го редефинира својот пристап поради негативното влијание на војната во Украина врз стабилноста на Западен Балкан, но и поради недостатокот на суштински резултати во процесот на проширување, како и да ги направи политиката на проширување и соседство повеќе конкретни и ефикасни.

Во интерен и неформален документ доставен до претставниците на земјите-членки во Брисел, до кои Танјуг имал пристап, официјална Виена предлага на земјите кандидати да им се даде можност за постепена интеграција на единствениот европски и енергетски пазар во текот на пристапниот процес да им се овозможи на земјите од регионот да учествуваат во заедничката надворешна и безбедносна политика и агенциите на ЕУ.

Исто така, се предлага ваквата „постепена интеграција“ да биде соодветна на индивидуалните заслуги и успеси во реформските процеси на земјите од регионот.

Во текстот во кој имаше увид Танјуг се посочува и дека постепеното пристапување на земјите од Западен Балкан кон фондовите и финансираните програми на ЕУ ќе биде силен поттик за реформи и усогласување на политиките.

Во исто време, од ЕУ се бара да ги разгледа начините на кои земјите од регионот би биле претставени во „обликувањето, но и во одлучувањето“ во рамките на ЕУ.

На крајот, австрискиот неформален документ сугерира дека „постепен пристап“ може да се создаде не само за Западен Балкан, туку и за „другите соседни земји“ со кои би се воспоставила нова форма на соработка, што ќе доведе до формирање на „нова Европска економска и вредна заедница“.

На почеток