Свет

Невремето во Хавана однесе два животи

Две лица загинаа, а најмалку четириесет станбени згради се оштетени во силно невреме во Хавана, објави кубанскиот информативен портал во САД, Сајбер Куба.

Во извештајот на Сајбер Куба се наведува дека околу 400 жители на главниот град морале да бидат евакуирани од зоните погодени од оваа временска катастрофа, додека околу две илјади луѓе самоиницијативно ги напуштиле опасните подрачја, пренесоа агенциите Интерфакс.

Во меѓувреме, жителите на неколку населби на Хавана, претежно во нејзиниот централен дел, објавија фотографии и видеа на социјалните мрежи кои потврдуваат дека кубанската престолнина е тешко погодена од поплавите предизвикани од обилните дождови.

На почеток