СДСМ за ги врати парите од „Рекет“ и можеби со нив ќе изгради Клинички центар


„СДСМ да ги врати парите од РЕКЕТ и можеби со нив ќе ја изгради најмодерниот клинички центар кој Македонија го чека 5 години“, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на соопштението на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ додава:
„СДСМ да ги врати парите од тендерите во четири очи затоа што нивниот криминал кој сега ја носи Македонија во нови долгови не чини сите нас 900.000 милиони евра
СДСМ да ги врати парите кои ги бараа за провизии од вакцините и може немаше да имаме најголема стапка на смртност.
СДСМ да ги врати парите од „мекиците“ на Рашковски и можеби ќе имавме нови градинки во општините и ќе беше решен еден од најгорливите проблеми на граѓаните.
СДСМ треба да ги врати 1.4 милиони евра кои му ги даде на Заев во време кога на земјоделците се уште не им се исплатени субвенциите, нема пари за оштета од невреме за период и до 3 години.
СДСМ да ги врати парите кои Заеви ги украдоа во Струмица, тргнувајќи од Глобал, завршувајќи со продажбата на плацеви за згради.
СДСМ да ги врати парите кои 5 години им ги зема на пензионерите.
СДСМ да ги врати парите за кои ги осиромаши граѓаните. Над 20 милијарди од 5 буџети, кои ги потроши, а не направи ништо“.
