Се воведуваат хуманитарни паркинзи во Охрид
„Во насока на поддршка на нашите сограѓани на кои тоа им е најпотребно, воведуваме зона за хуманитарни паркинзи.
Граѓаните преку плаќање за паркинг ќе донираат во хуманитарни цели. Средствата кои ќе бидат сорбани од наплатата на паркинг ќе се донираат онаму каде што тоа ќе биде најпотребно“, објави охридскиот градоначалник Кирил Пецаков.
Тој додаде:
„За почеток е предвидено две паркинг места на улица „Кеј Македонија“ да бидат посебно обележани, а планирано е во иднина хуманитарни паркинзи да се обележат на повеќе локации низ градот. Носител на проектот е ЈП „Билјанини извори“, додека Општина Охрид е прва општина во Македонија која воведува ваков тип на паркинг простор. Охрид од секогаш бил хуман град, а наша цел е да продолжиме да го развиваме во таа насока“.