Скопје

Арсовска за одлуката на Јакимовски да ја напушти коалицијата: Без да работиме заедно, нема да имаме успех

Напуштањето на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ од страна на градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, нема да влијае врз неговиот однос со Град Скопје. Градоначалничката Данела Арсовска кажа дека мора да работат, за да има успеси и да се реализира тоа што е ветено пред скопјани.

„Мене ми се одлучни соработката и сите градоначалници, 10 во Скопје. Јас сакам да продуцираме резултати, да испорачаме она што е ветено. Без да работиме заедно, нема да имаме успех“, кажа Арсовска.

Прашана каква е соработката со градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски од СДСМ, таа додаде: „Супер ми се односите со сите градоначалници“.

На почеток