Десетина илјади лица во Шведска останаа без струја, а во прекин се и телефонските врски отако земјата ја погоди вот ураган во последните седум дена.
Кровови, дрва и далеководи се оштетени од силниот ветер чија брзина била поголема од 30 метри во секунда.
По невремето луѓето не можеле да побараат помош поради прекинувањето на врските и снемувањето на струја.
Stormen Alfrida rasar: ”Det ligger träd överallt” • Vägar blockerade • Öresundsbron avstängd • Färjor och tåg ställs inhttps://t.co/89mdA6au51 pic.twitter.com/Gbxtv73Q1C
— Expressen (@Expressen) January 2, 2019
Во некои места лошото време предизвикало прекин во сообраќајот поради затварањето на мостовите. Голем број на училишта останаа затворени и ја откажаа наставата.
Исто така многу летови се одложени или доцнат, а авионите слетале на алтернативни аеродроми.
Засега 28.915 луѓе немаат струја, од кои 26.177 во областа на Стокхолм.