Актуелно

Зеленски: Имаме страшни загуби, ни треба оружје

Украинската армија претрпува големи загуби во борбите против руските војници во источниот град Северодонецк и во регионот Харков и има потреба од противракетно оружје, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во својот извештај, Зеленски истакна дека на Украина сега и треба модерно противракетно оружје. Тој рече дека нема оправдување за земјите партнери да ја одложат испораката на оружје.

Некои руски проектили ја избегнуваат одбраната и предизвикуваат жртви, рече Зеленски.

„Најжестоките битки, како и досега, се водат во Северодонецк и околните градови и села. За жал, загубите се болни“, рече тој.

„Но, мораме да бидеме силни, тоа е исклучително важно за Донбас. Колку повеќе загуби непријателот претрпи таму, толку помалку сила ќе има да ја продолжи агресијата“, додаде тој.

Украина, исто така, бележи „болни загуби“ во регионот Харков источно од Киев, каде Русија се обидува да ги зајакне своите позиции откако неодамна беше потисната, рече Зеленски. „Борбите продолжуваат во оваа област и ние мора да продолжиме да се бориме, мора да се бориме жестоко“, нагласи украинскиот претседател.

На почеток