Свет

Путин наскоро ќе одржи исклучително важен говор, пишуваат руските медиуми

Руските прорежимски медиуми јавуваат дека претседателот Владимир Путин во петок ќе одржи „исклучително важен“ и „многу интересен“ говор, иако не објаснуваат за што точно ќе зборува.

Путин треба да одржи говор на годишниот Меѓународен економски форум, на кој вообичаено присуствуваат светски лидери и претставници на големи корпорации, но ќе има многу помалку странски гости поради руската инвазија на Украина оваа година.

За да го надополнат недостигот од високи гости од Запад, Русите го нагласуваат доаѓањето на гости од Кина.

Портпаролот на Путин Дмитриј Песков тврди дека западните функционери извршиле притисок врз некои потенцијални учесници и ги принудиле да не доаѓаат во градот каде инаку е роден Владимир Путин.

Колективниот Запад ги затвора очите пред нив, им се заканува и уценува“, изјави Песков за руските медиуми.

Путин вообичаено одржува прес-конференција на форумот, на кој присуствуваат водечките светски медиуми, но оваа година ќе изгледа поинаку. Наместо тоа, тој ќе одржи прес-конференција само со руски медиумски новинари и воени дописници.

На почеток