Британија покажа дека нејзината поддршка за Украина е силна и одлучна, вели Зеленски


За време на сите воени денови, Велика Британија покажа дека нејзината поддршка за Украина е силна и одлучна, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
„Мило ми е што повторно го гледам големиот пријател на нашата земја Борис Џонсон во Киев“, рече Зеленски по средбата со британскиот премиер во Киев, пренесе Ројтерс.
Зеленски рече дека со Џонсон разговарал за ситуацијата на линијата на фронтот и потребата од зголемување на залихите на тешко оружје и зајакнување на украинската воздушна одбрана.
„Имаме заедничка визија како да се оди кон победа, бидејќи токму тоа и треба на Украина – победата на нашата земја“, истакна претседателот на Украина.
