Македонија

(ВИДЕО) Мицкоски објави снимка од дрон од протестот пред Владата: Благодарам Македонијо

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи објави снимка од дрон, направена за време на вчерашниот протест пред Владата.

„Благодарам Македонијо! Величествена ноќ, енергија и сила за промени“, напиша Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ бара избори, а ако власта не се согласи најавија блокади. Мицкоски зборуваше за инфлацијата, францускиот предлог за кревање на бугарското вето, и ред други проблеми со кои се соочува државата. Најави дека нема да поддржи промена на Уставот, со цел бугарските барања да влезат во него.

Благодарам Македонијо!
Величествена ноќ, енергија и сила за промени!

Posted by Hristijan Mickoski on Saturday, June 18, 2022

На почеток