Свет

(ВИДЕО) Тинејџер убиен во Вашингтон

15-годишно момче е убиено во пукотница во Вашингтон во неделата, а неколку луѓе се повредени, меѓу кои и еден полицаец, јавуваат американските медиуми.

Портпаролот на полицијата изјавил за „Фокс њуз“ дека четири лица, меѓу кои и еден полицаец, биле застрелани на еден собир. Од здобиените повреди тинејџерот починал на лице место.

Инцидентот се случил за време на прослава во центарот на Вашингтон.

Не се знае кој бил мотивот за пукањето што се случил на бесплатен концерт. Напаѓачот се уште е во бегство, соопштила полицијата.

На почеток