Германија ја ограничува употребата на гас, ќе го замени со јаглен
Официјален Берлин најави дека ќе ја ограничи употребата на природен гас за производство на електрична енергија поради загриженоста за можните недостатоци предизвикани од намалувањето на испораките од Русија.
Германија се потпира на Москва за поголемиот дел од својот гас, но вели дека се обидува да ги надополни капацитетите за складирање гас и постепено да го укине увозот на руска енергија за да се подготви за следната зима, плашејќи се дека Русија, која го прекина снабдувањето во последните денови, може да го прекине снабдување во целост.
Германското Министерство за економија објави дека новите мерки ќе вклучуваат зголемена зависност од електрани на јаглен, како и механизам што ќе ја поттикне индустријата да троши помалку.