Свет

Убедлива победа на Народната партија на изборите во Андалузија

Шпанската народна партија на чело со Хуан Мануел Морено постигна убедлива победа на изборите во јужната провинција Андалузија во неделата и има апсолутно мнозинство во регионалниот парламент.

Врз основа на 95 отсто од преброените гласови, Народната партија обезбеди 57 места во регионалниот парламент, а 55 се доволни за да се постигне апсолутно мнозинство, пренесува АП.

Убедливата победа ја доведе Морено во ситуација да не мора да се потпира на екстремно десничарската партија Вокс, која освои 12 пратенички места, а претходно зазеде став дека ќе го поддржи лидерот на Народната партија, доколку има место во владата, според американската агенција.

Шпанската социјалистичка работничка партија, предводена од шпанскиот премиер Педро Санчез, освои 31 место.

Право на глас на изборите имаа над 6.600.000 луѓе.

Андалузија, со 8,5 милиони жители, веќе 40 години е упориште на Социјалистичката партија, која во 2018 година мораше да ја предаде власта на конзервативната коалициска влада предводена од Народната партија, потсетува Ројтерс.

На почеток