(Видео) Нови сцени на хорор и ужас во Шпанија, погледнете што направи ненадејниот порој синоќа
Жителите на Жирона имаа будење како кошмар. На улиците во градот можеа да бидат сведоци на нови сцени на катастрофа поради поплавите што го погодија градот во близина на Барселона.
Градоначалничката на Жирона, Пиа Серињана, откри дека ненадејна поплава среде ноќ однела автомобили во блискиот Кадакес. До градското казино, автомобилите завршија натрупани еден врз друг, вкупно 32. И покрај огромната штета, засега нема информации за жртви.
Шпанија пред 10 дена беше погодена од невидени поплави, каде што повеќе од 200 луѓе ги загубија животите во регионот на Валенсија.
Каталонската метеоролошка агенција Метеокат, која објави снимка од последната поплава што ја погоди Шпанија во раните утрински часови, извести дека најверојатно ќе наврнат повеќе од 100 мм дожд вкупно.
Així baixa la riera de Cadaqués, després de la pluja intensa i continuada d'aquesta matinada on, molt probablement, s'han superat els 100 mm de precipitació.
Vídeo de @HugoScoccia pic.twitter.com/0bFGHZiFRf
— Meteocat (@meteocat) November 8, 2024
-Вака тече потокот Кадакес по интензивниот и континуиран дожд утринава, напишаа тие.
Локалните жители на социјалните мрежи пишуваат дека состојбата е многу сериозна.