(ВИДЕО) Скопјанка сведочи: Додека татко ми е во кома на Клиника, докторите се дерат како во кафана и журкаат со турбофолк!


Скопјанка на социјалните мрежи објви видео од Клиниката за неврохиругија во Скопје. Таа вели дека утрото кога отишла во посета на нејзиниот татко, неколку доктори и медицински сестри се однесувале непристојно во собата со пациенти, пуштајќи музика и гласно зборувајќи, што може дасе забележи и од објавеното видео.
„Татко ми лежи на неврохирургија на интензивно, во кома е.
3 недели не смеам да го видам, не дозволуваат посета.
Секој ден одам и му носам течна храна. Они бараат.
Денес одам таму и ечи турбо-фолк до даска од внатре!
Седнале сестри и докторот у сред соба меѓу пациенти галамат, се дерат ко у кафана.
Повторувам на интензивно каде што пациенти мораат да мируваат!!!
Кога конечно после 10 минути ми отворија врата реков дека носам храна и прашав “Се извинувам, шо е со музикава”
Сестрата ме направи од гомно подоле,ми затвори вратата и урлаше. “Сеа до 1 ќе чекаш надвор”
Не ја зема храната. Продолжи да се дере навредена од внатре и да му се жали на докторот од мене и моето прашање.
Намалија малку музиката и продолжија да се журкаат.
Чекавме 1 саат и никој не дојде“, стои во описот на објавеното видео.
Татко ми лежи на неврохирургија на интензивно, во кома е.
3 недели не смеам да го видам, не дозволуваат посета.
Секој…Posted by Alexandra Von Raven on Sunday, June 19, 2022
