„Работиме на реконструкција на урбаната опрема во Луна Паркот“, вели Арсовска


Во новото издание на “Наше Скопје”, градоначалничката Арсовска истакна дека изминатиот период е отпочнато со реконструкција на патеките и реконструирани се над 9000 m2. Исто така Арсовска кажа дека Град Скопје работи на тоа да се отпочне со проектот кој го чекаат сите скопјани а тоа е Луна Паркот.
“Во градскиот парк отпочнавме со она за кое што сметавме дека е најкритично. Отпочнавме со реконструкција на патеките. Реконструирани се над 9000 м2, ни остануваат уште околу 1000 м2, тоа е простор каде е тешко пристапно за механизацијата. Работиме и на тоа да се отпочне проектот што го најавивме а тоа е Луна Паркот. Тоа е нешто кое е значајно за сите скопјани, беше силно отпоздравено. Се работи на реконструкција на дел од урбаната опрема, морам да напоменам дека има високо ниво на вандализирање во изминатиот период на самата урбана опрема.” – истакна Арсовска
