Напад во Шведска
Најмалку две лица се повредени во нападот во шведскиот град Вестерас, соопшти денеска локалната полиција.
Се наведува и дека едно лице е уапсено на лице место, пренесува Ројтерс.
Според некои информации, нападот се случил во трговски центар во Шведска.
Повредените веднаш се пренесени во болница.
„Има стравувања дека има повеќе повредени“, соопшти полицијата.
Шведскиот весник Афтонбладет, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека при нападот бил употребен нож. Полицијата соопшти дека нападот се случил во централниот дел на Вестерос, град на околу 90 километри од Стокхолм.
At least two people injured in violent attack in #Vasteras in #Sweden, local police say, adding that one person was apprehended https://t.co/x1N9e3SPzL pic.twitter.com/iibPne8Xxh
— Arab News (@arabnews) June 21, 2022