Македонија

Заев за новите вработувања: Се пополнуваат испразнетите места од 2017 година

Зголемениот број огласи објавени за време на празниците и пред тоа, бил за да се пополнат испразнетите места во институциите и јавните претпријатија, појасни денеска премиерот Зоран Заев.

-Станува збор за пополнување на испразнетите работни места на крајот на минатата и почетокот на оваа годна. Тоа се работни места испразнети во втората половина од 2017 година, а сега се пополнуваат и тоа само дел од нив. Со вработувањата нема нови зафаќања од буџетот и не е предвиденио ништо освен најавените зголемувања од пет проценти, а некаде и 10 во некои институции, посочи премиерот и побара да се погледнат податоците за бројот на администрацијата во минатите години и сега.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток