Свет

„Малку е веројатно дека западните сили ќе и дозволат на Украина да преговара, топката е на нивна страна“, вели Лавров

Малку е веројатно дека западните сили ќе и дозволат на Украина да се врати на преговарачка маса, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Во интервју за националната телевизија на Белорусија, тој рече дека не гледа можност да му биде дозволено да ги продолжи преговорите, пренесе ТАС С.

Лавров додаде дека со задоволство би ја прифатил поканата на претседателот на Белорусија Александар Лукашенко да се соберат на разговори на територијата на Белорусија.

„Не гледам можност Украина да даде какви било предлози, но ниту ние нема да предложиме ништо. Одамна ги дадовме нашите предлози. Сега топката е на нивна страна“, рече Лавров.

Тој посочи дека е бесмислено да се преговара со Украина во форматите кои се воспоставени во изминатите осум години.

На прашањето дали има смисла да се понуди нова верзија на договорот со Киев, еден вид нов договор од Минск, во време кога западните партнери се однесуваат онака како што се однесуваат, Лавров посочи дека работата во постоечките формати би била бесмислена.

На почеток