Свет

„Уште космодром да направиме“, вели Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска при обиколката на работите на изградбата на делот од автопатот изјави дека Србија ќе продолжи да гради и да работи.

Вучиќ изјави дека Банат ќе биде извонредно поврзан и додаде дека проектот за автопатот Белград-Зрењанин се уште е во тек.

„Кога ќе почнете, нема крај“, изјави тој.

Вучиќ рече дека со завршувањето на обиколницата околу Крагуевац и поврзувањето со Коридорот 11, цела Србија ќе биде вмрежена.

Тој потсети дека се гради автопатот Дунав, дека автопатот до Вршац дополнително ќе придонесе за развој на Панчево, кој, како што вели, е градот на иднината, кој најбрзо ќе расте поради индустриската зона и квалитетот на фабриките што дојдоа.

„Му реков на Братислав Гашиќ во Крушевац, само да изградиме уште еден космодром. Погледнете како изгледал тој град пред десет години, а како денес. Ќе добијат автопат, отвораме аеродром. И ги познавам Бата и претседателот кој подоцна ќе бара од нас да ја прошириме пистата за слетување на големи авиони“, рече Вучиќ.

Тој посочи дека сето тоа е можно само доколку има економски раст.

На почеток