Свет

Вучиќ: „Пола Србија се смее на таа изјава, ако јас го кажам тоа би ме убиле“

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска да ја коментираше ситуацијата во Германија каде министерот за економија на Германија Роберт Хабек бара од граѓаните да штедат енергија – да се облекуваат подобро и да се тушираат пократко.

„На таа изјава се смеете половина од луѓето во Србија, а тој е еден од најпаметните луѓе во Германија, сериозен човек“, рече претседателот на Србија.

Вели туширајте се кратко, облечете дебели џемпери и чорапи…така се однесува некој што е паметен и одговорен“, посочи Вучиќ.

„Она што го прави покажува колку е одговорен и тоа е единствената причина што ми скокна во очи“, додаде тој.

„Тоа не смеам да го кажам во Србија затоа што би ме убиле, но се обидувам да го посочам на друг начин, нè очекува тешка зима и ако започне поголем конфликт во Европа, ќе ни биде многу тешко“, предупреди тој.

На почеток