Зеленски бара од Советот за безбедност да ја одреди дефиницијата на терминот „терористичка држава“
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, побара од Советот за безбедност на ОН да ја одреди правната дефиниција на терминот „терористичка држава“.
Тој ја обвини Русија за такво однесување.
„За жал, во овој момент ОН немаат правна дефиниција за поимот терористичка држава, за која се согласуваат сите земји членки на ОН“, изјави синоќа Зеленски на седницата на Советот за безбедност на ОН преку видео врска, пренесува РИА Новости.
Во исто време, тој апелираше до САД да ја прогласат Русија за земја која го спонзорира тероризмот.
Францускиот претседател Емануел Макрон во вторникот на прес-конференција рече дека одбил Русија да ја прогласи за земја која го спонзорира тероризмот, а официјалниот претставник на генералниот секретар на ОН, Стефан Дијариќ, коментирајќи ја жалбата на Зеленски, рече дека таквите одлуки не се во рамките на секретарот.