Актуелно

Русија: Загрижени сме за политиката на албанското претседателство

Говорот на претседателот на Украина Владимир Зеленски во Советот за безбедност на ОН во видео формат не беше усогласен со сите членови на ова тело.

На седницата на Советот за безбедност на ОН во вторникот, првиот заменик постојан претставник на Руската Федерација во ОН Дмитриј Полјански изјави дека се нарушува досегашната практика на Советот за безбедност.

„Сериозно сме загрижени за политиката на албанското претседателство во однос на учеството на претседателот Зеленски на состанокот. Немаше консултации со сите членови на Советот за ова прашање. Делегациите всушност беа ставени пред свршен чин во последен момент. Со тос се крши праксата и традицијата на работата на Советот за безбедност“, објасни Полјански.

Рускиот дипломат напомена дека, според утврдените норми, сите говорници треба да бидат во салата за седници, пренесува Спутник.

„Постојано го потврдивме нашето разбирање дека претставниците на земјите кои сакаат да зборуваат во Советот за безбедност мора да бидат физички присутни во салата за состаноци. Советот за безбедност на ОН не треба да стане платформа за долготрајната пропагандна кампања на претседателот Зеленски да моли за оружје учесниците на самитот на НАТО“, нагласи Пољански.

Зеленски во своето обраќање побара од Советот за безбедност на ОН да ја одреди правната дефиниција на терминот „терористичка држава“ и ја обвини Русија за такво однесување.

Истовремено, тој апелираше до САД да ја прогласат Русија за земја која го спонзорира тероризмот, по нападот на трговскиот центар во Кременчуг.

Полјански рече дека Русија извршила напад врз хангарите со западно оружје во Кременчуг, а не врз трговскиот центар.

Според него, оружјето што Западот му го доставува на Киев, како и странските платеници кои пристигнале во Украина, се легитимни воени цели на Русија.

На почеток