Свет

Јапонија воведе забрана за извоз од Русија и Белорусија

Јапонија воведе забрана за извоз на 90 организации од Русија и Белорусија поради ситуацијата во Украина, се наведува во билтенот на јапонското Министерство за надворешни работи, Министерството за економија и Министерството за финансии.

На новиот список со санкции се 57 физички лица и шест организации од Русија, а меѓу нив, и шефот на воено-цивилната администрација на Херсонската област Владимир Саљдо и неговиот заменик, вицепремиерот Дмитриј Григоренко, семејството на сопственик на „Северстал“, виолончелистот Сергеј Ролдугин и неговата сопруга, компанијата „Алмаз-Антеј“, фабриката за производство на авиони „Иљушин“ и други.

На почеток