Актуелно

„15 милијарди евра би можеле да бидат недоволни“, Ги чека ли Германците студена зима

Кредитните линии од 15 милијарди евра обезбедени од владата на Германија за набавка на гас можеби нема да бидат доволни за да се наполнат складиштата до зима.

Ова го изјави Клаус Милер, првиот човек на германскиот енергетски регулатор Bundesnecagentura.

Германија алармираше за потенцијалниот недостиг на гас како одговор на намалените испораки од Русија, во услови на ескалација на енергетскиот конфликт меѓу Западот и Москва по рускиот напад врз Украина во февруари.

Германија воведе обврска на сојузно ниво да ги наполни складиштата за гас 80 отсто до октомври и до 90 отсто до ноември. Моменталните залихи во магацините се околу 61 процент.

„Колку повеќе расте цената на гасот, толку поскапо е исполнувањето на целите за легалниот капацитет за складирање поставени за октомври и ноември“, рече Милер, според Ројтерс.

Најголемата европска економија, исто така, би можела да се соочи со недостиг на гас во наредните месеци, доколку не се продолжи протокот на руски гас преку гасоводот Северен тек 1, кој треба да биде затворен во јули поради редовно одржување, додаде Милер.

„Врз основа на нашето неодамнешно искуство со Русија, би било неодговорно да се претпостави дека сè ќе биде добро само по себе“, рече тој.

Германија минатиот месец ја активираше втората фаза од триделниот итен план за гас, откако Русија го прекина снабдувањето преку гасоводот Северен тек 1. Последната трета фаза од планот за вонредни состојби бара земјата да воведе рационализирање на горивото.

Германскиот министер за економија Роберт Хабек во саботата изјави дека Русија би можела да продолжи со суспензијата на испораките на гас на север во текот на рокот од 1,5 години определен за редовен ремонт на гасоводот.

На почеток