Македонија

Нема да можат да ги внесат Бугарите во Уставот, посочи Мицкоски и гарантира дека власта нема 80 пратеници

Немаат 80 пратеници за да ги внесат Бугарите во Уставот. Ова е ставот на Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Тој смета дури и да го прифатат францускиот предлог, нема да може да ги исполнат ветувањата кои ги дале кон ЕУ.

„Продолжуваме протестите со големо народно ‘не’ на дипломатскиот нокаут кој го добивме. Повторно десетици илјадни луѓе излегуваат и протестираат против ова што се подготвува. Тоа претставува чест и обврска. Ја добивме информацијата, преговарачката рамка и оној втор документ кој се заклучоци на Советот на ЕУ, да се пренесе во Собранието. Не знаеме зошто, зошто Владата носи одлука. Владата нема да поддржи уставни измени, што и да се случува со ова национално предавство. Бидете сигурни дека тие немаат 80 пратеници“, кажа Мицкоски.

За протестите кажа дека се знаат сценаристите на насилните протести.

„Овој народ знае дека силата е во масовноста, не во насилството. Насилството е предавство на вредностите во кои веруваме, а тоа е мирен и демократски начин на изразување незадоволство на ова што го подготвува ненародната власт. Сакам да порачаме големо ‘не’ на насилниците кои се обидуваат да го контаминираат овој протестот“, додаде тој.

На почеток