Македонија

„Eуфоријата утре ќе заврши, затоа што ќе треба да се направи промена на Уставот“, вели Димитров

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров во гостувањето на Телма праша, како ќе градиме пријателство кога Бугарија не го признава македонскиот јазик.

Тој изјави дека оваа еуфорија утре ќе заврши, затоа што ќе треба да се направи промена на Уставот.

„Бугарите со наводници велат дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, вештачки и посиромашен. Тогаш, како воопшто мислиме да градиме пријателство и како ќе зборуваме за отворање на ново европско поглавје? Како ќе го затвориме прашањето со Бугарија со ваков предизвик? Сега се надминале себеси. Ова што допрва ни претстои со вметнување на дел од Бугарите во преамбулата, како ќе го отвориме кога истата таа држава не го признава мнозинскиот народ во оваа држава“, вели Димитров.

Кажа дека од бугарската страна не само што не зборуваат за Македонци во Бугарија, тие не зборуваат за Македонци во Македонија.

На почеток