Коментари

Кекеновски за Димитров: Знае ли воопшто овој човек што е срам? Годишните времиња и ветрот поспоро се менуваат отколку неговите ставови

Јове Кекеновски на социјалните мрежи се огласи по изјавата на Никола Димитров дека чувствувал одговорност што бил дел од екипата, оти тоа не била истата екипа од онаа влада во којашто бил.

„НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР ОД ПОЛИТИЧКИ ПРВРТЛИВЦИ
И повторно на ТВ оној политички первертит Никола Димитров – поранешен министер за надворешни работи и нелегитимен потписник на Преспанскиот договор.
Сега чувствувал одговорност што бил дел од власта и на изборите давал ветувања што се далеку од реалноста.
Екипата не му била таа!?. А во таа поранешна екипа беа Ковачевски, Бујар Османи. Оливер Спасовски, сегашниве министри за економија и финансии и кој се уште не? Го нема само Заев и Анѓушев.
Тогаш јавно говореше дека сите функционираат одлично, а сега дека не му е истата екипа.
Сетете се дека плачеше како мало дете по сите медиуми дека не стана дел од екипата на Ковачевски со речиси истите луѓе. Ауууу зннае ли воопшто овој човек што е срам?. Па уште вели да се вратиме на ,,Нема правда нема мир“.
И навистина нема правда, нема мир од вакви политички превртливци. Годишните времиња и ветрот поспоро се менуваат отколку неговите ставови.“, вели Кекеновски.

На почеток