Коментари

Кекеновски до Пендаровски и Ковачевски: Вака ли се гради соживот? Во која држава Чаир е општина?

Професорот Јове Кекеновски по посетата на косовскиот премиер Албин Курти, ги праша претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски дали вака се гради соживот. Тој вели дека вчера по којзнае кој пат била погазена Репупблика Македонија.

„ПРЕТСЕДАТЕЛЕ ПЕНДАРОВСКИ И ПРЕМИЕРЕ КОВАЧЕВСКИ ВАКА ЛИ СЕ ГРАДИ СОЖИВОТ?
Денес во Општина Чаир по кој знае кој пат се погази Република Македонија.
1. Не се вееше Македонското државно знаме.
2. Не се интонираше Македонската химна,
3. Не се почитува Законот за употреба на јазиците, а во врска со него и член 7 од Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на друго инфраструктурни објекти
4. Не присуствуваше ниту еден македонски политичар.
5. Не беше обезбеден превод на македонски јазик за присутните новинари и пошироката јавност.
Претседателе и премиере ќе одговорите ли јавно и гласно дали вака се гради соживот?
Ваша обврска е јавно да побарате одговорност од политичарите кои го организираа настанот за непочитување на законите.
Овие политичари мора да покажат минимум лојалност и почит кон државата во која живеат, работат, опстојуваат и од која го јадат лебот.
П.С. Патем не е лошо да одговорите во која држава Чаир е општина ?“, вели Кекеновски.

На почеток