Коментари

Има 2 милијарди за фантомски автопат, ама нема по 3500 денари за пензионерите кои се со нечовечно ниски примања, вели Јованов

Има 2 милијарди за фантомски автопат, ама нема по 3500 ден. за пензионерите – луѓе кои ринтале по 30 години и кои помогнале со трудот, колку – толку да има денес нешто во државава, вели професорката Тамара Јованов.

„Има 100 милиони за непостоечка фабрика за електрични возила, ама не и за нашите родители – една од најоштетените и искрадени генерации во државава.
Има и по 78% покачување за функционери кои секако беа меѓу поплатените, ама не и за пензионерите кои се со нечовечно ниски примања“, вели Јованов.

На почеток