И Бујар ви црта на табла дека вие, Македонците сте глупави неевропјани, кои ја загрозуваат државата, вели Ванковска


Професорката Билјана Ванковска на својот фејсбук профил ја коментира политичката сцена во албанскиот блок.
„Промената на името на една улица е само симбилички чин и назнака за тоа кој каде стои на политичката сцена во албанскиот блок. Преку симболичен судир на Адем Демаќи (не со партизанската бригада туку со) Ибрахим Ругова, двете фракции на ДУИ и другите помали партии си ги утврдуваат политичките позиции и агенди. Што подлабоко, тоа подобро. Верувале или не, лидерот на УЧК е сега (симболички) на страната на Ругова, а опозиционерите сакаат да бидат УЧК наместо УЧК, т.е. поголеми радикали од Ахмети и ДУИ. Опонирајќи на корумпираните и улежени/нафатирани кадри на ДУИ, тие не нудат демократски и либерални принципи, туку нешто сосема друго. Албанските новинари и интелектуалци аплаудираат и фаќаат страни.
Е сега видете на што сме како политичка заедница и кои ни се опциите. Од лошо – полошо … Како да времето застанало, а ви зборуваат за промена на Устав, за Бугари и за ЕУ. И Бујар ви црта на табла дека вие, Македонците сте глупави неевропјани, кои ја загрозуваат државата“, напиша Ванковска.
