Актуелно

Британија: Русија преместува резервни единици кон Украина за офанзива

Русија преместува резервни единици од целата земја и ги собира во близина на границата со Украина за следните офанзивни операции, соопшти денеска британското воено разузнавање.

Во најновиот извештај на Министерството за одбрана на Велика Британија, се прецизира дека се работи за нови пешадиски единици кои користат оклопни возила од типот МТ-ЛБ, кои биле на долгорочно складирање, пренесува Ројтерс.

Британското разузнавање наведува и дека Русија долго време смета дека таквите возила се несоодветни за операции за поддршка на пешадијата.

И покрај неодамнешните изјави на рускиот претседател Владимир Путин, кој рече дека руската армија „не ни започнала“ во Украина, повеќето од засилувањата биле собрани ад хок и опремени со застарена или несоодветна опрема, според британските разузнавачи, објави Гардијан.

На почеток