Весна Бејби до Макрон: „Македонка сум, ако не разбираш ќе ти преведеме“
Јас сум против насилство, и цел живот се борам против тоа. За македонскиот јазик не се преговара. Македонија е тврдина која мора да ја одбраниме, изјави Весна Бејби на денешниот протест пред Собранието.
„Како сакате да ни го смените идентитетот, да не асимилирате, како сакате да се вика мојот театар ако не Македонски народен театар.
Оние одонаде сакаат да не скараат и на голорак народ да пукаат во нас. Не може! Не смееме да дозволиме затоа што мора да им покажеме дека сме единствени и дека никој нема да предизвика меѓунационална војна. Какво безобразие и лицемерие. Оние кои мислат дека се бројка од 61 зимаат пари од нас, од нашиот данок кој го плаќаме.
Ние треба секој ден да кажеме НЕ. Како јас на моите деца да кажам дека од утре нема да сме Македонци, учебниците ќе ни ги редактираат. Тие ќе ни кажуваат што да учиме и кој бил Никола Карев.
Треба цела Македонија да се дигне на нозе! Јас се обидувам да не сум патетична, туку разумна, да ги разберам зошто би преговарале, кога и вака и онака 15 години нема да влеземе во ЕУ“, изјави Весна Бејби.
Таа му се обрати и на Макрон и му порача дека е Македонка
„Македонка сум. Ако не разбираш ќе ти преведеме“, вели Весна.
„Ние сме тие кои играме на сцена, снимаме на тв, кои сме амбасадори на македонската култура. Како да сме амбасадори на македонската култура? Со сменет идентите? Со тоа што вие таму ќе потпишете и ќе јадете бифтеци за 100 денари. Па мислете на здравје малце, холестероли, триглицериди, малку од малку
бидете витки згодни.
Со достоинство и честа се раѓате.
Секој ден на протест додека да ја срушиме оваа влада“, додаде таа.