Коментари

Кампот на Отпорот, од пред Влада, треба да се пресели пред Собранието. Ние внатре, вие надвор!, апелира Апасиев

„Кампот на Отпорот, од пред Влада, треба да се пресели пред Собранието. Ние внатре, вие надвор!“, ова е ставот на Димитар Апасиев, лидер на Левица и пратеник. Тој истото го објави на социјалните мрежи, непосредно пред утрешната прва расправа во Собранието кое треба да донесе заклучоци за францускиот предлог.

„Не го ни читајте Протоколот. Џабе ќе се нервирате. Еве накратко да ви го раскажам: Се што Бугарите не успеале да постигнат за време на окупацијата, го постигнуваат сега (заедно со нивните колаборационисти во Владата на Северџанистан – балистите и врховистите)“, објави тој претходно.

На почеток