Македонија

Денеска пратениците во Собранието ќе расправаат за францускиот предлог

Денеска пратениците во Собранието ќе расправаат за францускиот предлог. Пред почетокот на оваа собраниска седница, ќе се обрати и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Фон дер Лајен ќе биде примена од претседателот на државата Стево Пендаровски.

Пред одржувањето на собраниската седница, предвидена е средба на претседателката на ЕК со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

По завршувањето на 80.седница, закажана е нова 81. седница, со почеток во 13.30 часот, на чиј дневен ред е информација за содржината на Предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со Европската Унија, предложена од претседателството на Франција со Советот на Европската Унија.

На почеток