Со т.н. ноќен радар 130 санкции за брзо возење на територија на цела држава
Во текот на изминатата вечер (18.07.2022) во периодот од 21.00 до 24.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 130 возачи. Од нив, осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 69 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 61 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.