Свет

Несреќа во Мексикоm загинаа пет лица, меѓу кои и тројца мигранти

Тројца мигранти и двајца мексикански државјани загинаа, а 12 мигранти се опоравуваат од повредите здобиени во сообраќајна несреќа на автопат во северно Мексико.

Меѓу загинатите има и девојка од Хондурас, но нема информации за националноста на другите две лица.

Комбето со кое патувале мигрантите се урна во северната погранична држава Нуево Леон.

Нема информации дали меѓу загинатите Мексиканци бил и возачот на возилото.

Меѓу повредените има луѓе од Хондурас, Ел Салвадор, Гватемала и Никарагва. Од Институтот за миграција најавија дека ќе им бидат издадени хуманитарни визи, а телата на починатите ќе бидат вратени во нивните матични земји.

На почеток