Новиот претседател на Шри Ланка положи заклетва
Поранешниот премиер на Шри Ланка, Ранил Викремесинг денеска положи заклетва како нов претседател на земјата, која се соочува со невидена економска криза.
Викремесинг положи заклетва пред главниот судија Џајант Јајасуирија, на церемонијата одржана во зградата на парламентот во Коломбо, пренесува АП.
Парламентот на Шри Ланка претходно во средата го избра Викремесинг (73) за шеф на државата со мнозинство гласови за да го заврши мандатот на поранешниот претседател Готабаја Рајапакса, кој побегна од земјата и поднесе оставка откако демонстрантите упаднаа во неговата резиденција.
За Викремесинге гласаа 134 од 225 пратеници. Викремесинг треба да биде на власт до 2024 година, до крајот на мандатот на Рајапакса.