Украина: Руските сили ја нападнаа пристанишната инфраструктура на југ
Руските сили извршија напад врз пристанишната инфраструктура во регионот на Миколаев, на југот на Украина, изјави денеска градоначалникот на Миколаев, Олександар Сенкевич.
„Масовен ракетен напад беше извршен на југот на Украина, од правец на Црното Море, со употреба на авијација“, изјави Сенкевич за украинската државна телевизија, без да даде детали, пренесува Ројтерс.
Тој на Телеграм изјави дека кај Николаев одекнале силни експлозии, додава Гардијан.
Сенкевич апелираше до граѓаните да останат во засолништа.
„Воздушните напади ќе продолжат и по завршувањето на полицискиот час“, рече Сенкевич.
Во саботата Русија изврши напад на уште едно пристаниште на југот на Украина – Одеса, што на Западот предизвика сомнеж за спроведувањето на планот за рестартирање на извозот на украински житарки.