Македонија

„Обвинувањата дека Андов наредувал напади, е исто како да се каже дека Апасиев давал наредби за инциденти“, демант од затворот „Скопје“ за Левица

Затворската управа на КПУ „Скопје“ демантира дека вработени полицајци биле ангажирани за прославата за Илинден на Мечкин Камен. Ова следува откако Левица бараше одговорност и разрешување на Филип Андов.

„Во врска со континуираните напади врз КПУ „Скопје“ и директорот Филип Андов, сакаме да укажеме на следново:

На прославата за Илинден на Мечкин Камен, ниту била ангажирана, ниту можела да се ангажира затворската полиција. Затворската управа, не може, ниту имала намера, на било кој припадник на затворската полиција да му го контролира приватниот живот и она што тие го прават по работното време. Па така, одењето на прослави од страна на припадниците на затворската полиција од КПУ „Скопје“ е личен избор и никако не може да се поврзе со професионалните ангажмани.

Тенденциозните објави на партии и платеници со обвинувања дека директорот Филип Андов стои зад наредби за некакви си малтретирања на Мечкин Камен, се лага и замајување на јавноста. Дотолку повеќе што и од објавените снимки може да се види дека Андов не бил на местото и во времето каде имало некакви турканици и караници. Тоа е и совршен доказ дека не постоела ниту можност да дава инструкции или да раководи со некого, ниту пак, имал зошто да го прави тоа.

Ваквите обвинувања се исти како да се каже дека Димитар Апасиев од Грција, за време на Илинден, давал наредби на партиското членство да предизвика инциденти на Мечкин Камен и да ги провоцира останатите посетители на прославата.

Политичката партија „Левица“ која ги изнесе обвинувањата, ја повикуваме сите закани и навреди да ги аргументира и да ги пријави кај надлежните органи. Доколку сметаат дека има прекршувања од страна на припадници на затворската полиција, а за кои надлежност има затворската управа, ги повикуваме да ги докажат и образложат во поднесок, по кој ќе се постапи веднаш.

Затворската управа, нема да дозволи неосновани напади и инкриминирање на затворската полиција со цел добивање дневно партиски поени, ниту пак, обвинувања кон лаги и обвинувања за директорот Филип Андов“, стои во демнатот.

Министерот Тупанчески да побара разрешување на Филип Андонов поради закани и злоупотреба на затворската полиција, бара Левица

На почеток