Актуелно

Русија и Украина се далеку од преговори, вели заменик претставник на Русија во ОН

„Киев не покажува подготвеност одговорно да пристапи кон преговорите со Москва“, изјави првиот заменик претставник на Русија во ОН, Дмитриј Полјански.

Тој рече дека, што се однесува до мировните преговори, Украина не дава никакви сигнали дека има одговорна позиција, пренесува РИА Новости.

Првиот заменик претставник на Русија во ОН вели дека е „смешно само по себе“ што Украина дава само политички изјави за нејзината теоретска подготвеност да преговара со Русија, дека е подготвена да преговара кога Русија ќе ги повлече своите трупи, земајќи ги предвид Донбас и Крим.

На почеток