Македонија

Стручмичанец се обиде да натепа полицаец, за да не открие дека по полноќ во ресторан се журкале малолетници

На 06.08.2022 во 00.50 часот во угостителски објект на ул„Гоце Делчев“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.В.(47) од Струмица. Тој ги попречувал полициските службеници да извршат контрола во угостителскиот објект, а се обидел и физички да нападне еден полициски службеник.

Инаку, при контрола во објектот биле затекнати двајца малолетници од Радовиш и струмичко после 24.00 часот кои конзумирале алкохол. И.В. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него и угостителскито објект ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На почеток