Свет

(ВИДЕО) Скандалозно интервју на извесен Љубчо: Многу читав и се разбудив како Бугарин, никој не нѐ сака во Македонија

Извесен Љубчо Георгиевски за бугарската телевизија БТВ говори како во Југославија го учеле дека е Македонец, па тој многу читал и по два три месеци не спиење, вели: „И се разбудуваш како Бугарин“. Ова скандалозно интервју, на лицето Георгиевски е со наслов „Како е да си бугарски Македонец или македонски Бугарин?“. Ликот кој е непознат за пошироката јавност пред ова интервју, збори исклучително на македонски јазик на битолски акцент.

„Во истријата пишува дека Бугарите се фашисти, Бугарите се татари… Сега не можам да кажам дали пишува татари, но тоа е чест поим кои го користат луѓето во Македонија. Моите две деца учеа во училиштето ‘Кирил и Методиј’ во Битола…“, објаснува Георгиевски кој додава дека на ѕидовите имало егзархиски плочи паде пишувало дека во таа зграда се одржало првото заседание против бугарскиот фашистички окупатор.

Во текот на целото интервју објаснува како е тешко да се биде Бугарин во Македонија.

„Вработувањето е преку партија. Ако си Бугарин никој не те сака. Во приватниот сектор пак не е толку, ама ако разберат дека си Бугарин-толку“, посочува Георгиевски.

Ова лице кое се претставува сега како Бугарин, посочува и за некакви закани од агенти на Агенцијата за националната безбедност.

„Не можеш да прочиташ историја на бугарски јазик“, додава тој.

„Чувството да си Бугарин е гордост“, посочува тој.

Интервјуто е објавено на 31.мај

На почеток