Свет

Воени авиони, бродови и беспилотни летала кружат околу Тајван

Министерството за одбрана на Тајван денеска објави дека испратило авиони и бродови за „соодветно“ да одговорат на кинеските воени вежби околу островот.

Голем број кинески воени авиони, бродови и беспилотни летала продолжуваат денеска со заеднички воени вежби во близина на Тајван, симулирајќи напад на тој остров и тајванската морнарица, се наведува во најновото соопштение на Министерството, пренесува Ројтерс.

Коментирајќи ги маневрите на кинеската армија во Тајванскиот теснец, премиерот во Тајпеј, Су Ченг-чанг денеска оцени дека Кина „арогантно користела воени акции за да го поткопа регионалниот мир и стабилност“.

Зборувајќи пред новинарите во Тајпеј, Су го повика Пекинг да не демонстрира воена сила и ги осуди „странските непријатели“ кои се обидуваат да го поткопаат моралот на тајванскиот народ со извршување на сајбер напади и кампањи за дезинформација, пренесува Ројтерс.

На почеток