Магазин

И Владо Јаневски откажа, ќе успее ли Груби да му најде замена

Владо Јаневски го откажа настапот на Мировниот фестивал кој министерството за политички систем на Артан Груби го организира во рамки на 21-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.

Владо Јанеvски се огласи на Инстаграм со објава дека нема да пее на прославата на плоштадот „Скендербег“ на 13 август.

„Владо Јанеvски не настапува на прославата која се одржува на 13.8.2022 на плоштадот „Скендербег“ во Скопје“, се наведува во официјалното соопштение на профилот на пејачот.

Јаневски требаше да биде замена за Антониа Гиговска која вчера го откажа настапот на плоштадот затоа што не знаела дека менаџментот ја пријавил на настан со политичка конотација.

На почеток